Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за билатералните односи меѓу двете земји, како и за регионалните и глобалните случувања.
Ердоган изјавил дека тензиите меѓу Иран и САД треба да завршат и дека проблемите треба да се решаваат по дипломатски пат, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи да се залага за мир, пренесува агенцијата Анадолија.
Тој изразил надеж дека засилените дипломатски напори за завршување на војната меѓу Украина и Русија ќе дадат позитивни резултати.
Ердоган истакнал дека Турција ќе продолжи да придонесува кон овие напори, нагласувајќи ја важноста од интензивирање на контактите и со Украина и со Русија.
