Ахмети му одговори на Мицкоски за ветингот: Не снимам холивудски филмови, да видиме како ќе испадне „хуморот“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Да го пробаме хуморот да видиме како ќе испадне“, рече за ТВ21 лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево како одговор на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој повиците на Ахмети за ветинг ги оцени како „добар хумор“.

Ахмети рече дека законот е предложен пред 4 години и повика ветингот да се направи со учество на Брисел и Вашингтон.

„Да видиме како ќе се одвива расположението. Овде не снимам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека нарачаат, ние правиме се“, рече Ахмети.

Тој додаде дека сака да ја истражи и приватизацијата од 90-тите, каде според него, Албанците во континуитет биле дискриминирани.