Огранокот на ДУИ вечерва во Неготино, општина Врапчиште, организираше средба со народот каде присуствуваше и лидерот Али Ахмети, како и високи претставници на Демократската унија за интеграција.
Пред стотина членови и симпатизери, претседателот Али Ахмети од Врапчиште порача: Врапчиште и целиот албански народ ќе го бранаат албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност.
Албанците нема да го толерираат ова.
Истотака очекуваме на заедничката средба со Владата на Северна Македонија, Владата на Република Косово да го покрене прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме реакција од сите партии во Косово.
Исто така, на вечерашната средба со народот во општина Врапчиште беше истакнато дека албанските политички партии, сите без исклучок, имаат обврска да го заштитат албанскиот јазик, бидејќи ова прашање ги засега сите.
Апсолутно неприфатливи се укинувањето на етничката припадност, водени од менталитет што не носи ништо добро, неправедното отстранување на Албанците од институциите, рушењето на достигнувањата во сите области, селективната правда.
Ги повикуваме губитниците на изборите да не ги легитимираат штетните политики кои не вратат назад и суштински ги влошуваат меѓуетничките односи.
Нека ги напуштат институциите, да не бидаат дел од срамот.