Ахмети открива во ClickPlus: Потпишавме договор, нема Влада со партија која е против Уставни промени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени.

„Договорот е потпишан…Помеѓу АА, ДПА, БЕСА и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше..“, вели Ахмети.

Според него овој договор бил потпишан пред месец и половина, кога кај него го донел тогашниот министер за администрација Азир Алиу.

„Азир Алиу. Беше потпишан само од д-р Таравари како претседател на Алијанса. Потпишав… Да, веднаш. Се пожали Азир Алиу дека му создаваат проблеми, заборавив и партијата на Изет. Движењето за промени. Дека му создаваат другите партии, зошто ДУИ тука, зошто таму, треба да биде на крај, тој рекол дека го направил со азбука, ако има друга формула…“, вели Ахмети.

Новинар: Што вели договорот текстуално?

Али Ахмети: „Нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на С. Македонија. Толку. Нема влада со политичка партија која е против уставните промени“.