Ахмети: По 20 години Македонија има појасна слика во однос на вкупното население и процентот на заедниците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на својот Фејсбук профил објави дека по 20 години, Северна Македонија има појасна слика во однос на вкупното население и процентот на заедниците во државата

„Денес, Република Северна Македонија по 20 години има појасна слика во однос на вкупното население и процентот на заедниците во државата. Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година). Им честитам на сите институции кои беа вклучени и го помогнаа Пописот како процес кој започна во март минатата година со дијаспората во земјата и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме успешно да го завршиме“, напиша Ахмети.