Ахмети – почесен доктор – Алијанса/Алтернатива со иронична изложба пред тетовски универзитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовскиот универзитет на 26 годишнината од основањето, на лидерот на ДУИ и пратеник Али Ахмети, му ја додели титулата Почесен доктор. Во својот говор, Ахмети рече дека оваа титула му ја посветува на Абдилселам Емини, како прв паднат борец на овој универзитет како и на оние кои дале придонес за овој универзитет. Ахмети во текот на примањето на наградата вети дека неуморно ќе се ангажира за подигање на квалитетот и инфраструктурата како и образованието на Албанците.

„Јас дојдов тука за да дадам уште едно ветување пред Албанците дека ќе продолжам неуморно во подигањето и унапредувањето на албанското образование, подигање на квалитетот на албанското образование, подигање на вредностите и инфраструктурата, опремување на универзитетите, бидејќи сме во  век на конкуренцијата и денес само со силна конкуренција можеме да одиме напред“, истакна Али Ахмети.

На церемонијара за доделување на наградата почесен доктор, пред присутните говор одржа Претседателот на Собранието, Талат Џафери и првиот вицепремиер, Артан Груби.

Но, пред да почне церемонијата младите на Алијанса за Албанците и Алтернатива преку изложба го иронизираа доделувањето на  наградата.

„На изложбата пред нас претставивме неколку академски написи како на пример „Како сите во Германија без насилство и репресија“ методите и пазарот за купување на дипломи, исто така и неколку научни експерименти кои гореспоменатото лице ги спровел како случајот „Куманово“ или „Диво Насеље“ и „Монструм“. Со ова ние ја објавуваме оваа почесна титула за честа која ја нема“, вели Омер Ајдини.

Тетовскиот универзитет Фадил Сулејмани, е основан во 1994 година, а беше официјализиран во 2004 година. Има 18 факултети и 68 студентски програми, а е диспензиран во неколку градови во Македонија. Титулата почесен доктор ТУ им ја додели на неколку познати ликови досега, но ова е прв пат титулата да му биде доделена на политичар или лидер на политичка партија во Македонија.