„Слобода за Џака“ во Скопје – швајцарските навивачи бараa враќање на капитенот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Швајцарија ја совлада Македонија со 3:0 во вчерашниот натпревар на Лигата на нациите, иако во составот го немаше капитенот Гранит Џака. Но, иако швајцарската репрезентација покажа дека може да функционира и без својот лидер на теренот, навивачите во ниту еден момент не го заборавија играчот за врска.

По ситуацијата што се создаде околу Џака, капитенот на Швајцарија ќе ги пропушти следните три натпревари на репрезентацијата во Лигата на нациите.

На саботниот натпревар во Скопје, Швајцарија одигра одличен натпревар и обезбеди чиста победа од 3:0. На местото на Џака во средниот ред, Ардон Јашари одигра добар натпревар и успешно ја контролираше средината на теренот.

Сепак, отсуството на Џака се почувствува. Не само кај навивачите, туку и кај неговите соиграчи. „За Гранит нема потреба да зборуваме. Тој не може да биде заменет. Се надеваме дека Гранит што поскоро ќе се врати и дека ситуацијата ќе се реши“, изјави Ремо Фројлер по натпреварот за SRF.

И швајцарските навивачи на трибините на стадионот во Скопје ја покажаа својата поддршка за капитенот. Неколку минути по почетокот на натпреварот, од секторот со швајцарските навивачи започнаа извици: „Гранит Џака! Гранит Џака!“

Извиците за капитенот се слушаа и во текот на првото полувреме, а на трибините беше истакнат и транспарент со јасна порака: „Free Xhaka“.

Иако Гранит Џака не беше присутен во Скопје, неговото име несомнено беше едно од најспоменуваните во текот на вечерта. Капитенот недостасуваше на теренот, но поддршката од швајцарските навивачи за него беше очигледна.