Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски освен што се судри со Албанците се судри и со турската заедница или како што излегоа против резолуцијата за геноцидот во Сребреница што не било добро.
„Се знае дека во Сребреница навистина имал геноцид и овде автоматски г. Мицкоски и сите оние кои беа против резолуцијата се судрија со бошњачката заедница овде во Македонија“, вели Ахмети.
Според него, добро е македонските политички партии без исклучок СДСМ-ВМРО, се најголемите политички партии и имаат одговорност.
Ахмети вели дека неколку пати зборувал со лидерите на овие партии дека имаат одговорност пред граѓаните да го оправдаат и Охридскиот договор, Договорот за добрососедство, да не дозволат граѓаните да предничат во зближување и комуникација помеѓу себе туку тие да бидат тие кои предничат со цел да ги зближиме граѓаните.
„Зборувам за минатото и грешките од минатото не смееме да дозволиме денес да ни се повторат, како што кажа г. Мицковски не гласајте за кандидатот на Фронтот, не гласајте за Али Ахмети, не гласајте за ДУИ или и со други навреди во кампањата. Имено, има една вистина бидејќи овде почнав. Има се уште предрасуди кај македонската заедница, најголемата заедница. Секое унапредување на Албанците и помалите заедници како што се турската, бошњачката, ромската, се чувствува загриженост дека ќе им се одземе државата од другите што не е така. Охридскиот договор, правата на заедниците што ги добиле само ја зајакнува државата, ја бетонира државата затоа што се зголемува лојалноста на граѓаните во однос на државата“, вели Ахмети.
