Ахмети со честитка: Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитки до американскиот народ и 47 претседател на Соединетите Американски Држави. 

„Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет. 

Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон.

Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор и го споделувам уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа“. пишува Ахмети.