Ахмети со порака до ВЛЕН: Вратете се на патот на достоинството и гордоста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на ДУИ, Али Ахмети повторно се сретна со граѓаните, од каде испрати пораки до владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21.

Ахмети се осврна и на Охридскиот договор за кој бара да биде заштитен не само од ДУИ, туку и од ВЛЕН, ВМРО и СДСМ.

Лидерот на интегристите ги повика и гласачите на ВЛЕН да им помогнат на претставниците и лидерите на албанската коалиција во Владата да се вратат на патот на достоинството.

„Нашиот народ, нашите браќа се обединија околу ВЛЕН да ја одразат и бранат националната кауза (Охридскиот договор), затоа што тоа е кауза во однос на старите генерации и родените после нас. И не, и покрај тоа што сум политички противник, не сакам да ги гледам (ВЛЕН) и тие што гласале за нив засрамени. Сакам да апелирам како човек кој се борел и кој ја сака гордоста на својата нација. Сите тие гласачи нека им помогнат, нека ги охрабрат лидерите и претставниците на ВЛЕН заедно да се вратат на патот на достоинството и да ја заштитат гордоста, бидејќи Охридскиот договор не е договор кој мора да се брани сам Демократската унија за интеграција, само фронтот за Европа, но тоа е вредност што мора да ја штитат сите – и од ВМРО и од СДСМ заедно со нивната коалиција, уште повеќе од оние што се обединија околу ВЛЕН. Не сакаме судири, но не можеме да молчиме без да ја кажеме вистината – ВМРО има традиција од минатото да регрутира аргати, побожни. Но, тие не се снајдоа добро. Државите што направија селекција на побожните, аргатите не напредуваа, не просперираа“, рече Ахмети.