Ахмети со порака: Фракции не се дозволени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата во изјава за медиумите истакна дека фракции не се дозволени.

Оваа изјава се должи по изјавата на градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети за тоа дека се исцрпени сите можности, односно тие ќе функционираат како фракција.

„Фракција врз основа на статутот на ДУИ и одлуките на Конгресот, не се дозволени. Да го почекаме Конгресот, на Конгресот јас повторно ќе предложам, со најдобра цел да победи мојот предлог за непризнавање на фракции во ДУИ. Секоја постапка надвор од Статутот е анархија. А анархијата е најголемиот непријател на демократијата. Начелото е малцинството да се придружи на мислењето на мнозинството, тоа е најдемократското начело. Во спротивно да направиме анархична партија и да работиме кој како сака“, вели Ахмети..