Ахмети со порака од Гостивар: Мицкоски нема мандат да одлучи кој ќе ги застапува Албанците во Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека ДУИ не негира дека ВМРО-ДПМНЕ има мандат за формирање на извршната власт, но нагласува дека истата партија нема мандат да одлучи кој ќе ги застапува Албанците во извршната власт.

Мора да престанеме со болните амбиции на политичката партија која не негираме дека има мандат да раководи со извршната власт, но нема мандат да прави селекции и да ги понижува Албанците на РСМ, Албанците имаат толку крв во РСМ, за да одлучат за себе, вели Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети нагласи дека ја напуштаат Владата со премиер Албанец и 14 министри Албанци.

Ова патување го започнавме од нула додека денеска го завршуваме со првиот Премиер Албанец и 14 министри Албанци од вкупно 16 министерства со ресор во владата на земјата, вели Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Овие коментари Ахмети ги даде на одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на ДУИ, при што истакна дека 22 години ДУИ бележи последователни победи на избори.