Ахмети: Успеавме. Вчера засадивме за денес да жнееме, честитки!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

24 март се запишува во нашата понова историја како важен датум за вести
од Брисел.

Денес, како и во 1999 година, ни доаѓа надежна вест од Брисел каде
Европската Унија одлучи да ги отвори преговорите за полноправно членство
на нашата земја и Албанија во Европската Унија, и ова е многу надежна и
важна вест за сите нас, особено кога поминуваме тешки денови во
соочување со заканата за здравјето на секој од нас.

Во 1999 година, Северноатланската Алијанса ги започна воздушните напади
против српските сили и заедно со народот и ОВК го ослободија Косово и
потоа ја донесоа и независноста.

Денес и ова година, нашите политички и воени напори за отцепување од
југословенската филозофија резултираат со тоа што го тежнеевме со
децении.

Вчера садевме за денес да жнееме. Процесот за членство во НАТО се
заокружи, а вратата на Европа се отвори.

Како орелот кој лета високо, без да го загуби во ниту еден момент
погледот од целта, заедно успеавме.

Ништо и никој не можеше да не сопре во ова наша преродбеничка определба,
  ние во ниту еден момент не ја изгубивме нашата неколеблива определба за
да ја оствариме нашата цел.

Ова е Ваша заслуга, ова се оствари благодарение на нашата волја, и јас
сум благодарен што Вие се определивте Вашата доверба да ни ја делегирате
нам сите овие години, и како што сум ве уверувал постојано, ние нема да
Ве разочараме никогаш.

Ви честитам за ова извонредно достигнување со најискрените желби за што
поскоро надминување на ова ситуација за да ги засукаме ракавите и да се
фатиме за работата што не очекува, како земја членка на НАТО и
преговорач за членство во Европската Унија.

Пријатели, ова е сигурната иднина, без ниту едно колебање и двоумење!