Метеж на Табановце, странските возачи чекаат да платат казни од „Сејф сити“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На граничниот премин Табановце, денес има редици од странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Сејф сити“.

Станува збор за прекршоци направени на македонските патишта на кои се поставени камери за автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци.

Неодамна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“.