Ахмети во Клик Плус: Добро е што отидовме на лидерската свикана од Мицкоски, Европа е формирана на принципи, дијалог и компромис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за лидерската средба одржана пред една недела, свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Ахмети рече дека добро направиле што отишле на средбата бидејќи, како што вели, Европа е формирана од неколку принципи, како што се дијалогот и компромисот.

-Добро е затоа што Европа е формирана од неколку принципи. Принципот на Европа е дијалог и компромис, бидејќи без дијалог и компромис, не може да се најде решение за проблемите. Оваа филозофија не е заменета со нова филозофија, но тоа се принципи што мора да се почитуваат. Учеството на ДУИ на лидерската средба беше многу потребно за да се разговара за сите теми, иако сите теми што ги мислевме и оценувавме не беа дискутирани на лидерската средба. Остана одредени теми да се дискутираат меѓу двете најголеми политички партии на најголемите заедници во земјава“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.