По потврдувањето на обвинението за Хашим Тачи и Кадри Весели, реагираше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На својот Фејсбук профил Ахмети изразува убеденост дека ќе докаже дека борбата на ОВК била праведна.
„Војната на Ослободителната Војска на Косово беше праведна војна на албанската нација за слобода и самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности“, истакнува Ахмети.
Тој посочува дека е убеден дека неговите пријатели и соборци ќе бидат сведоци на правичната војна на ОВК и ќе се вратат како победници, целосно почитувајќи го владеењето на правото и локалната и меѓународната правда.
„Знам, како јас така и моите другари, ако имавме уште по еден живот,
втора можност да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го сторевме тоа
повторно затоа што верувавме и верувавме во правото на нашата нација. Сите наши достигнувања во овие децении ги реализиравме заедно со нашите меѓународни пријатели и заедно почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, ќе го завршиме нашето патешествие кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата“, пишува Ахмети.
„Владеењето на законот и неселективната правда се цел на сите нас затоа и честитам на лидерите на Косово кои одговорија на повикот на правдата на достоинствен начин и им посакувам што поскоро враќање на нивните обврски кои ги очекуваат“, завршува Ахмети.
