Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој во моментов не е уапсен од истражните органи на Северна Македонија и за кого веќе е распишана потерница. изречена е и меѓународна како мерка притвор, пренесува ТВ21.
Ахмети рече дека Груби не избегал и дека тој самиот немал контакт со него, но има информации дека е добро и дека се наоѓа на албанска територија.
Лидерот на ДУИ вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на правдата, „но не и одмазничката правда“.
Ахмети уште еднаш го повтори својот став дека во Северна Македонија треба да се изврши ветинг за да се истражи политичката активност и богатството на секој носител на високи државни функции.