Ахмети за судењето во Хаг: Тажен момент за моите пријатели, за сите Албанци, на обвинителна клупа е една од најсилните истории на Албанците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Ахмети коментираше за ситуацијата на Косово, односно дека неговите пријатели Тачи, Весели, Селими, Красниќи кои завршија во Хаг.

-Тоа е тажен момент, не само за мене туку за сите Албанци бидејќи на обвинителна клупа е историјата на Албанците, една од најдобрите, најсилните истории на Албанците од Косово, но и општо на Албанците при што идеал на нашите преродбеници беше ослободувањето на Косово, а тоа беше и идеал на сите тие големи патриоти почнувајќи до Хасан Приштина, Бајрам Цури, Азем Бејта и сите тие кои продолжија по нивните чекори на Хасан Приштина, Реџеп Мала, Африм Жетија, Захир Пајазити, така да ова е тежок момент но се случи и сега треба да излезат пред меѓународниот суд, за што јас мислам дека не постоеше друго решение, мораше да се чекори по тој пат, бидејќи имаше обвиненија од сите страни“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ смета дека тврдењето дека ОНА е криминална група, не држи вода.

-Според тоа што слушнав јас на почетокот на овој процес, ОНА се смета како криминална група. Тоа не држи воопшто вода. Во една војска може да направи грешка одреден војник, командант на одреден баталјон, но не да се суди војската. Според тоа како почна, обвинителот директно ја стави како криминална организација, што не се совпаѓа со вистината. Јас сакав да направам друг пристап – овој процес е незапирлив. Јас сметам дека веќе не ни треба патриотскиот вокабулар за да се обидеме да докажеме дека не се виновни. Додека тоа се случи ние треба да се организираме многу подобро во организирањето на одбраната на обвинетите.-рече Ахмети.

Ахмети смета дека Албанците треба да се организираат по ова прашање, за да се покријат трошоците за формирање одбрана, но и косовската влада треба да ја направи својата работа, затоа што, како што вели Ахмети, тие што се сега во Хаг, во голема мера придонеле за косовската држава.

Ахмети смета дека судењето не е против четворица поединци, туку против целата организација. Лидерот на ДУИ истакна дека верува во меѓународната правда, и убеден е дека ќе ја докажат вистината во судот.

Запрашан дали смета дека во случајот ќе бидат опфатени и други политичари од Албанија и Македонија, Ахмети одговори:

-Јас не знам, не сум обвинител, до каде се стигнати истрагите. Но треба да се каже вистината дека косовската ОНА немала добар синџир на команди. Целата ситуација се одвиваше во критичен момент, случајот на масакр на семејството Јашари, со убиството на Адем Јашари, Хамз Јашари и други. Целата ситуација беше многу тензична и проектот на тоа време беше основање на синџир на команда, но тоа не успеа да се материјализира и сите единици делуваа таму каде што се наоѓаа и со опремата која ја имаа реагираа.  Не успеа да создадат добар синџир на команди во Косово за раководење на целиот борбен фронт.“, рече Ахмети кој рече дека триумфот на ОНА го гледа во добро организирање на одбраната, со надеж дека ќе се расветли вистината.