Опаѓа бројот на убиства во Македонија во последната деценија – Црна Гора води во регионот, а Литванија во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 2024 година, Македонија имала стапка од 1,10 регистрирани убиства на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора со 1,92, во Бугарија таа изнесува 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.

Во Европската Унија, највисока стапка на убиства има Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.

Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

И покрај највисоката стапка, Литванија забележала и најголемо намалување на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.

Тренд на намалување во последната деценија е забележан и во Македонија. Во 2014 година стапката изнесувала 1,21 убиство на 100.000 жители, додека во 2024 година е намалена на 1,10.