Ахмети за прогласување на „нон грата“ за Бела и Халими: Сигурен сум дека албанската држава не им прави неправда на Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги коментираше неодамнешните одлуки на Министерството за внатрешни работи на Албанија за прогласување на Валон Бела и Бекир Халими за „нон грата“.

Запрашан во емисијата „Click“ на РТВ21 во Приштина како ги оценува овие одлуки, Ахмети рече дека албанските институции мора да имале факти за да преземат такви мерки.

„Албанската безбедност, без да има факти, не носи одлуки. Ова прашање може да се адресира до албанските безбедносни служби, но јас сум многу сигурен дека албанската држава не им прави неправда на Албанците“, изјави Ахмети.