Гостувајќи во емисијата „Click“ на РТВ21 во Приштина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја коментираше и средбата на Зијадин Села со премиерот на Косово, Албин Курти.
Ахмети во „Click“ рече дека средбите не се забранети, додавајќи дека Зијадин Села има своја автономија.
„Средбите не се забранети, нормално е г. Села да има своја автономија. Заедно оставивме простор за автономија, за да може да излегува со изјави, да комуницира со своите пратенички групи што ги има.
Во Европскиот фронт политиките се градеа заеднички, но најгласна и најголема е ДУИ. Јас забележав дека во сенка остануваа изјавите и комуникациите што ги правеше партијата на г. Села, и тоа беше направено со меѓусебно разбирање, а не како судир или нерешливи противречности“, рече Али Ахмети во „Click“ на RTV21.
