АЈДЕ најавува „Ноќ на лицето пред режимот“ пред Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во 21 часот, граѓанската платформа „Ајде“ организира протест пред Владата, „Ноќ на лицето на режимот“. Протестот е одбележување на празникот познат како Ноќ на вештерките, но во македонски контекст.

„Нашиот настан го нарековме „Ноќ на ЛИЦЕТО на режимот“ затоа што е време да го покажеме режимот во неговата вистинска форма, а со тоа да им дадеме можност на нашите сограѓани да му ја симнат маската за сите наводни успеси, вработувања, победи и прослави. Сето тоа ќе успееме да го направиме ако ги носиме нивните вистински лица прилагодени за еден ваков празник.

За да ве поттикнеме да размислувате во оваа насока, еве неколку практични примери за тоа како ќе изгледа „Ноќ на ЛИЦЕТО на режимот“. Размислете кое според вас е лицето на режимот. Тоа може да биде личност како носител/ка на јавна функција, или пак случка која останала врежана во вашето сеќавање како вечен потсетник на владеењето на МВРО и Дуингбизнис. Потоа, размислете како да го ставите во контекст на празникот и дојдете пред Влада со вашето лице на режимот“, стои во поканата за настанот.