„Ако имате симптоми, закажете тестирање и седете дома, ќе дојдете на ред“, рече Стојанов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ниту еден здравствен систем, па да го имате и најдобриот, и во најдобрите држави, не може да издржи при таков наплив на болни“. Ова го изјави д-р Александар Стојанов во интервју за ТВ21.

Тој смета дека високите бројки на заразени се должат на тоа што луѓето се однесувале како се да е нормално.

„Луѓето се однесуваа како се да е нормално. Не е ништо нормално. Кога ќе ви дојде маката дома, сите сакаме да завршиме работа. Доколку имате симптоми, закажете тестирање, и седете дома. Ќе дојдете на ред. Немаме неограничени човечки, ниту пак лабараториски ресурси“, изјави Стојанов.