Ако зборуваш германски, се вработуваш веднаш – „Телеперформанца“, отворени денови во Гостивар и Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако зборувате германски и барате долгорочна работа, Телеперформанца отвора врати за говорителите на германскиот јазик во Тетово и Гостивар.

Телеперформанца е филијала на Германија во земјава и е најголема светска компанија за услуга на клиенти или како поинаку се нарекува Кол Центар.

Леонида Џумаркоска, менаџер за човечки ресурси вели дека поради голем интерес во Скопје, одлучено е во вторник и среда  да има отворени денови во тетово (Хотел Лирак) и четврток во Гостивар во хотел Гили. Во текот на овие три дена, заинтересираните  можат да одат од 9 до 19 часот на средба во Телеперформанца.

Телеперформанца им  помага на глобални компании преку повици , поврзувајќи ги клиентите директно со фирми со кои соработуваат. Џумаркоска објасник и како функционира оваа компанија.

Заинтересираните треба да знаат германски јазик и да бидат мотивирани за работа. Мухамед Елмази, супервизор во Телеперформанца меѓу другото додаде дека заинтересираните не мора да имаат сертификат за германски јазик, доволно е да имаат познавања од јазикот. Тој исто така зборуваше и за постапката за обука на вработените.

„Кога почнува еден работник во Телеперформанца, тој е во рацете на тренерите. Обуката може да трае зависно 3,4,5 недели и по обуката се повторуваат најважните точки. Потоа доаѓаат кај нас, кај супервизорите, исто така имаме поддршка од лица кои го оценуваат квалитетот и потоа ги надгледуваме редовно како работи еден работник и каде треба да се подобри за да ги постигне потребните резултати“, истакна Мухамед Елмази.

Оваа компанија нуди можност и за работа од дома. Телеперформанца е најголема светска корпорација за услуга на клиенти, а во Скопје оперира веќе 1 година и брои околу 210 вработени.