Активирана експлозивна направа на автомобил дел од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков.

Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа. Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите. Повредено е лице од обебзедувањето.

Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.