Акциите на Твитер повторно во минус по укинување на профилот на Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Акциите на Твитер паднаа скоро четири проценти откако таа социјална мрежа трајно го прекина профилот на Доналд Трамп.

Тоа резултираше во цена на акциите од 49,54 УСД, што е за 3,77 проценти помалку од цената на затворањето од 51,48 УСД во петокот попладне.

Официјалната причина за трајната забрана е ризикот од понатамошно поттикнување на Трамп на насилство. Сеуште актуелниот претседател на САД имаше повеќе од 88 милиони следбеници на Твитер.

Да потсетиме, профилот на Трамп беше привремено блокиран во средата по опсадата на Конгресот од неговите приврзаници. Тој доби предупредување за трајно суспендирање доколку продолжи да ги крши правилата, што го стори објавувајќи уште два твита.

Првиот беше за неговите приврзаници.