Милитантната група Ал Шабаб рано утрово нападна две воени бази на сомалиската армија, јавија светските агенции повикувајќи се на сведоци и изјави на милитантите.
Според очевидци, две експлозии се слушнале од базите кои се наоѓаат на околу 100 километри југозападно од главниот град Могадишу.
Се слушнала и трета експлозија, а по нападот воен конвој се движел кон базите.
За сега нема официјални информации за евентуални жртви.
