Четири лица се повредени во пукање што се случило рано утринава во населбата Логан Сиркл во Вашингтон, на околу еден километар од Белата куќа, соопшти полицијата.
Полициските сили интервенирале на повеќе локации во тој дел од градот, а засега не се познати деталите за инцидентот, вклучително и точната локација на која се случило пукањето, изјави полицискиот службеник Нејтан Кларк, пренесува АП.
Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето околу 15-та улица, во близина на фитнес-центар, црква и станбени објекти, каде што поголем дел од улицата е блокиран.
