Експертот за европска политика Драган Тилев, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека Македонија брзо ќе ги отвора кластерите, само доколку почне отворањето. Тој за пример ја зема Албанија, која како што вели, отворила шест кластери за само една година, и сега го отвори последниот кластер.
„Видете ја Албанија, има пониска стапка на усогласност од нас, а отвори шест кластери за 12 месеци. Затоа треба да го пратиме тоа силно темпо, кое методологијата го дава, и ќе направиме огромен отскок и во примената на тоа европско право, затоа што крупните реформи бараат енергија, бараат атмосфера. Ако вие имате позитивна атмосфера во релациите помеѓу институциите со Брисел, реформите побрзо ќе одат“, изјави Тилев.
