Албанската опозиција се комплетира – дали кај Албанците ќе има два блока на изборите?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Албанската опозиција заедно со Арбен Таравари полека се комплетира. Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами и Беким Ќоку синоќа отидоа во Гостивар на средба со Таравари. На средбата се разговараше за работните тимови, начинот на кој треба да се оди на избори, платформите и друго. Најавено е дека во текот на оваа недела ќе се официјализира коалицијата.

„Денеска имавме средба на која се одржуваат првичните консултации дека работните тимови од сите партии ќе седнат и ќе работат на заедничката платформа и верувам дека многу брзо таа ќе биде синхронизирана од сите партии и ќе биде потпишана деновиве. Не го одредивме денот, но верувам дека во овие два-три дена ќе се координираме за тоа и за сите други детали околу организацијата на штабот, координацијата на штабот и за претседателските и за парламентарните избори“, порача Арбен Таравари.

реклама

„Ова е добар почеток, има позитивна енергија, тоа го чувствуваат и гласачите и граѓаните. Посакувам да го завршиме овој процес со оваа ревност. Да влеземе и да ја направиме долгоочекуваната промена и она што го очекуваме“, вели Изет Меџити.

„Верувам дека Албанците го чекаа ова долго време,  со тоа што успеавме да се надминеме себеси и сите недоразбирања што можеби ги имавме во минатото. Пораката е дадена и граѓаните тоа одлично го прифатија и секојдневно имаме комуникација со многу значајни општествени и интелектуални фактори, разни здруженија и разни активисти кои во една или друга форма сакаат да бидат дел од оваа промена“, вели Биљал Касами.

реклама

Со обединувањето на опозицијата се очекува на изборите да има два албански блока, но се уште не е потврдено бидејќи се уште не се знае дали АА – крилото на Села – ќе одат сами на избори. Исто така, новите партии како ЕДП и Народно движење се уште официјално не потврдија дали ќе бидат заедно со ДУИ во таканаречениот Европски фронт.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама