Албански државјанин го тргна македонското знаме од Кораб и постави албанско, се огласија од МВР

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денес албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, го тргнал македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско.

Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.

На Кораб тој е со гости кои престојувале во неговиот угостителски објект, меѓу нив и странци, што се слуша од комуникацијата на англиски со друго лице исто така Албанец.

– Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија, извикува тој.

По инцидентот со албанскиот планинар кој го симна македонското и го закачи албанското знаме се огласија од МВР.

Тие велат во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското и е поставено знамето на Република Албанија по преземени мерки утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ.

-Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР