Албанскиот јазик неприфатлив за државјанство? – Алијанса/Алтернатива: Има елементи што треба да се разгледаат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со еден од членовите на законот за државјанство предложен од коалицијата АА-ААА, се бара граѓанинот за државјанство да знае или македонски или албански јазик за да може да добие државјанство со натурализиација. Ова се предвидува во точка 3 од законот, каде се бара измената да гласи:

Точка 6 се менува како што следи:

“Да го владее македонскиот јазик или јазикот што го говорат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, а што се разликува од македонскиот јазик (албански јазик) до степен да може лесно да се разбере со околината“.

Ова подразбира дека граѓаните незадолжително треба да го знаат македонскиот за да добијат државјанство. Но дали е ова една од точките која наиде на противење од власта. Пратеничката од коалицијата АА-ААА, Илире Даути, не потврдува недоразбирање за оваа точка конкретно, но секако вели дека се уште има работи за кои е потребна согласност.

„Една од тие точки е и членот кој се однесува на уредувањето на прашањето за јазикот но би ја оценила како една од точките која е наш обид за олеснување на добивањето државјанство“, oдговори Илире Даути, коалиција АА-ААА.

-ТВ21: Значи да се знае само албанскиот како еден од официјалните јазици на државата а не задолжително, македонскиот?

„Тие стојат како опции. Всушност ова е прилагодување со законот за употреба на јазиците и можете да го најдете и предлог законот и да го погледнете конкретно, oдговори Илире Даути, коалиција АА-ААА“.

-ТВ21: Имаше противења на оваа ваша варијанта за овој член?

„Додека не излеговме да кажеме дека сме постигнале конечен договор, тоа подразбира дека има елементи кои би требало да се разгледаат во продолжение, oдговори Илире Даути, коалиција АА-ААА“.

ТВ21 контактираше со координаторот на парламентарната група на СДСМ, Јован Митревски, но тој ни рече не знае во што е проблемот, односно нема детали. За ова прашање не’ упати да ги прашаме преговарачките страни, премиерот, МВР или Министерството за правда. Прашавме во МВР за спорните точки, но одговор не добивме.
Од друга страна, пратеникот Ељми Азири, во изјава за Порталб, рече дека во врска со ова прашање, албанските партии ДУИ и Беса не отвораат уста, дури и се пречка.


Но што прават реално албанските партии, ДУИ и Беса за да помогнат за ова прашање. Арбр Адеми, координатор на ПГ на ДУИ, вели дека албанската опозиција дури и не им го испратила законот.


„Самиот г. Села изјави дека постигнал договор со простото мнозинство и дека на опозицијата и останува да го состави текстот. Текстот го составиле и за жал ДУИ не ни го испрати, туку и го испратиле на СДСМ, преферираат да се сретнат еднаш со Мицкоски и еднаш со Заев, но никако да седнат на маса со албанските политички партии и за жал и во овој случај предлог законот му е испратен на г. Јован Митревски, координатор на СДСМ а не на Арбр Адеми, координатор на ДУИ, како најголема албанска политичка партија“, рече Арбр Адеми, координатор на ПГ ДУИ.

Дека албанската опозиција не побарала помош, потврдува и пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели кој вели дека опозицијата целиот процес го изодела сама, а изрази поддршка албанскиот да се признае како јазик со кој може да се добие државјанство.

„Албанскиот јазик во сите зони каде Албанците, согласно и законот за употреба на јазиците, Уставот на државата, се во одреден процент, за сите тие граѓани кои бараат државјанство на Република Северна Македонија, како услов за признавање да биде и признавањето на албанскиот јазик. Значи, еден од јазиците, или албанскиот или македонскиот, нема некоја измена, и порано го имавме тој став“, истакна Фадиљ Зендели, Движење БЕСА.

Се очекува меѓу албанската опозиција и власт да се одржи уште една средба, за да се дефинираат прашањата за кои постои несогласување. Кога ќе се одрѓи таа средба се уште не е потврдено.