На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп.
Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
