„Албанските политички партии имаат коректно однесување во борбата за меѓународна афирмација на земјата“, рече Пендаровски во обраќањето во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Однесувањето на албанските политички партии и од позиција и од опозиција е крајно коректно за нашиот идентитет, и поинаку не може да биде“, рече претседателот Стево Пендаровски на денешното годишно обраќање во Собранието.

„За жал, еден дел од етничките македонци постои сомнеж, дали политичарите Албанци ја поддржуваат нашата борба за поширока меѓународна афирмација. Одговорно тврдам дека албанските политички партии, сите овие години, имаат крајно коректно однесување за нашиот македонски идентитет. Поинаку не може да биде,ззатоа што Северна Македонија е заедничка за сите нас.“, изјави Пендаровски, кој истакна дека државата ќе продолжи на патот кон Европската Унија.

„Северна Македонија ќе продолжи на патот кон Европската Униија. Нема да прифатиме никаква резервна варијанта“, истакна Пендаровски.

Претседателот додаде дека не треба да се губи енергијата за историски спорови и гушење со национализам. Тој се надева дека следната година ќе имаме успешен попис на населението.