„Не се врати во ДУИ“, вака одговори Али Ахмети во „Click Plus“ на РТВ21 во Приштина, кога беше прашан за Фатмир Лимани, за кого рече дека „не бил разрешен, туку се повлекол од ВЛЕН“.
Ахмети за Лимани рече дека бил член на ДУИ, притоа потсетувајќи и на позициите што лидерите на ВЛЕН во минатото ги имале во Демократската унија за интеграција, истакнувајќи дека „сите биле ДУИ“.
„Тој не беше разрешен, тој се повлече. Не се врати во ДУИ. Бил член на ДУИ, но сите овие биле членови на ДУИ. Изет Меџити ми беше потпретседател, Биљал Касами беше државен секретар и претседател на огранок во една општина во Желино, Африм Гаши беше автор на говорите на Изет Меџити во ДУИ.
Сите тие потекнуваат од таму, но ова е сосема друга тема. Зошто се случија овие случувања и како се случија е приказна сама за себе. Тоа е таен македонски договор, бидејќи најголемото зло е ДУИ и наследниците на ОВК“, рече Али Ахмети.
