Алијанса/Алтернатива ги повлекоа прашањата – сакаат да бидат меѓу првите на листа! Џафери за нив е портпарол на ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дојдоа да постават пратенички прашања за „Монструм“ и за други поврзани со Албанците, но се повлекоа бидејќи не беа на врвот на листата. Штом почна седницата за пратенички прашања, шефот на парламентарната група на коалицијата Алијанса – Алтернатива, Скендер Реџепи, собранискиот спикер, Талат Џафери, го нарече „Портпарол на ДУИ“ кој сака да ја замолчи албанската опозиција. Реџепи се жалеше зошто прашањата на албанската опозиција не се меѓу првите на листата на пратениците за поставување на прашања.

„Претседателот на Собранието постојано ја игра улогата на портпарол на ДУИ, блокирајќи ја опозицијата. Собранискиот спикер не треба да зазема страна, туку треба да биде ист за сите пратенички групи. Неслучајно го известивме дека претседателот на Алијанса ќе постави прашање, а тој беше ставен 5-ти. Јас како координатор на политичка партија сум 13-ти, што е навредливо…. претседател на партија да се стави петти на листата….“, истакна Скендер Реџепи.

Претседателот на Собранието, Џафери, потврди дека листата на пратениците на албанската опозиција стигнала доцна и дека редоследот на пратениците се основа на собранискиот Деловник.

„Да беше како што вели Реџепи, јас требаше денеска да имам список само со пратениците на ДПМНЕ, Левица, поради тоа што само тие две групи доставија листи во предвидениот рок со деловникот. Деловникот налага рамноправно да бидат застапени пратениците кои поставуваат прашања, во однос 2 према 1 во корист на опозицијата. Кога се повикуваме на опозицијата, во составот на опозицијата, како вкупна бројка сте 58 пратеници. Во опозиција вие сте застапени со 12 пратеници, а во споредба со 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, сте 3 према 1“, посочи Талат Џадери.

Процедурална забелешка побара пратеникот на АА, Сурија Рушиди. Рече дека во иднина нема да дозволат да се одржи седница за пратенички прашања доколку не се меѓу првите во листа.

„Повторувам, нема да толерираме да се одржи следната седница или ниту една следна седница за пратенички прашања доколку албанската опозиција не е меѓу првите за поставување прашања. Денеска во знак на револт ги повлекуваме листите и прашањата на сите пратеници на албанската опозиција“, истакна Сурија Рашиди.  

Пленарната седница за пратенички прашања се одржува еднаш месечно, последниот четврток од секој месец. Први за поставување на прашања на Премиерот и министрите најчесто се пратениците на опозициските партии.