Алијанса/Алтернатива ја претстави програмата – Таравари: Нашата програма не е желба, ниту сон, туку реалност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Коалицијата Алијанса за Албанците /Алтернатива ја претстави изборната програма. Но, изборната кампања ќе ја стартуваат утре во Гостивар. Арбен Таравари вели дека трката за овие избори ја почнуваат дискриминирани бидејќи се во иста група со партиите кои се надвор од парламентарните групи и поради тоа, членовите на комисиите и минутите кои требаше да им припаднат, како што вели, ги добила коалицијата СДСМ и Движење БЕСА.

„Оваа кампања всушност ние ја почнуваме, на некој начин, дискриминирани, имате предвид дека ДИК иако сме две партии и заедно имаме 6 пратеници во Собранието на РСМ не ни се дава да имаме членови во изборните комисии. Минутажата која и припаѓа на албанската опозиција за жал оди кај коалиција која е сега на власт“, рече Таравари.

Таравари рече дека време е за долгоочекуваните промени и дека нивната програма е реална и остварлива за 4 години и не е желба ниту сон.

„Нашата програма се основа на 6 основни столбови. Првиот столб -целосна еднаквост, вториот – правна држава, третиот – држава која го чува и негува човечкиот капитал, четвртиот – еднаков економски и територијален развој, шестиот столб зелена и дигитализирана држава.“, изјави Таравари.

Коалицијата вети дека сите собири ќе ги одржи со почитување на протоколите донесени од Комисијата за заразни болести и дека ќе имаат коректна кампања без навреди, етикетирања, и обвинувања.