Алијанса со ДУИ или Европски сојуз за промена? – Азири: Разочарани сме од досегашните коалиции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците (АА) засега има одлука од Централното раководство дека на избори ќе настапи сама. Што повеќе се наближува датумот на избори, толку повеќе се проширува дебатата за промена на таа одлука, изјави во дебатниот магазин на ТВ21 „Клик Плус“, потпретседателот на партијата, Елми Азири. Како што вели, средбите меѓу претседателот на АА, Арбен Таравари и другите политички субјекти се важни, но дека конечната одлука ќе биде донесена на Централното собрание на партијата.

Претседателот на номиналната претставничка партија е тој кој ја претставува партијата во и вон неа. Апсолутно негово право е да се сретне со кого смета дека треба. Но, одлуките се носат во Алијанса за Албанците. Одлуките се носат во партиските органи“, вели Елми Азири.

Но, на каков став се двајцата највисоки претставници на партијата, Арбен Таравари и Зијадин Села? Азири не открива дали тие имаат поделени мислења во однос на коалициите.

Јас говорам јавно што рекоа тие, но говорам и за одлуката на Централното раководство. Во рамките на тоа, и г.Таравари, и г.Села во моментов се на став дека Алијанса за Албанците на изборите треба да настапи сама“, порача Елми Азири.

Азири додава дека искуствата на АА од досегашните коалиции се разочарувачки, па затоа, како што вели, сега ќе бидат повнимателни.

Да, точно е. Алијанса за Албанците е разочарана од досегашните коалиции. Се жртвуваше себеси, свесно, субјектот… “, порача Азири

-За да постигне компромиси со оние кои направија коалиции?

За да постигне резултат за целта што ја имаше. Меѓутоа, многу сме разочарани од последователните дејствија од страна на субјектите со кои бевме во коалиција“.

Во однос на македонскиот политички блок, Азири дециден дека не доаѓа предвид никаква коалиција со партии кои го попречуваат европскиот пат на земјава.