Алијанса за Албанците: Ги осудуваме апсењата и бараме итно ослободување на демонстрантите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Алијанса за Албанците реагираат за апсењата на неколку лица по повод вчерашноот протест во Тетово кој беше организиран поради трагедијата во модуларната болница, и се бараше одговорност.

„Има десетици случаи и трагедии во кои многу граѓани ги загубија 
животите и беа оштетени на различни начини, како резултат на 
последователните влади на ДУИ и во ниту еден од нив нема уапсени. 
Имаме 14 наши сограѓани изгорени во пожарот во модуларната болница во  Тетово и сè уште нема апсења или разрешени. Во меѓувреме, кога граѓаните бараат одговорност и правда за сите овие трагедии, полицијата и власта се брзи во нивно апсење и гонење.

Алијанса за Албанците најостро го осудува апсењето и секој друг вид 
притисок врз секој граѓанин и бара итно ослободување на 
демонстрантите. Протестот е демократско право и е гарантиран со 
Уставот, додека револтот изразен во нив е само рефлексија на 
незадоволство од актуелната влада. Во протестот имаше и роднини кои ги загубија и најсаканите. Ве известуваме дека ниту опозицијата ниту граѓаните нема да ги заплашете и демотивирате од битката за правда и одговорност. Секој ваш притисок ќе ви се врати како бумеранг.“, реагираат од Алијанса за Албанците.