Алиу: Се задоцни со корекции на цените на дериватите, Регулаторна комисија треба да ги менува почесто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нухи Алиу, претседателот на Комората на северозападна Македонија вечерва во Бизнис21 кажа дека Регулаторната комисија за енергетика ќе мора почесто да ги менува цените, затоа што тие се менуваат од час во час.

„Растот на цените на дериватите не’ загрижува како бизнисмени. Поскапувањето почна минатата недела, еве продолжува и оваа. Имавме корекции на цените, иако како бизнисмени не бевме задоволни затоа што се доцнеше со корекцијата на цените на дериватите. Јас мислам дека Регулаторна комисија одлука која ја донесе дека еднаш неделно треба да се корегираат цените на дериватите, треба да реагира и со корекции секојдневно. Таа одлука е погрешна, и треба да се повлече, затоа што имаме на дневно ниво зголемување на цените“, изјави Алиу, и додаде дека треба минимум двапати да се менуваат, па дури и повеќе.

Алиу кажа дека најмногу ќе биде погоден транспортот, и дека со тоа ќе расте цената на секој продукт.

„Зголемување на цените на дериватите, влијаат врз зголемување на цените врз сите сектори. Најмногу ги погодува бизнисите со транспорт. Кај нив веднаш треба да растат и фактурите кои ни доаѓаат од нив. Транспортниот сектор е многу важен за формирање на цените на сите други сектори. Транспортот и дериватите ги таргетираат сите сектори. Транспортот учествува во цената кај секој продукт’, додаде Алиу.