Силни земјотреси со јачина од 5,8 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија Алјаска, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,8 степени бил на 99 километри југоисточно од Атка, на длабочина од 10 километри, соопшти USGS, пренесува Ројтерс.
Претходно, Алјаска беше погодена и од земјотрес со јачина од 5,0 степени, чиј епицентар се наоѓал на 103 километри југоисточно од Атка, на длабочина од пет километри.
