Алкалоид „лета“ кон трофејот во ЕХФ Европскиот куп: Со четири гола предност се враќа од Атина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ракометарите на Алкалоид се пред освојување на пехарот на ЕХФ Европскиот куп, откако одиграа одличен меч пред преполната сала во Атина и славеа победа од 25-29, пред реваншот кој се игра во Скопје.

Ниту „запалената“ атмосфера, на моменти и тензична и нервозна не ги изместија од ритам избраниците на тренерот Кирил Лазаров во оваа битка.

Грчкиот тим на крилата на своите навивачи фуриозно го почна мечот и водеше во почетните мигови од натпреварот, па дури и пред самиот финиш успеа да дојде до два гола преднсот, но Алкалоид брзо врати, и од 14-12, стигна до 14-16 на полувремето.

Во вториот дел Алкалоид веднаш ја зголеми предност на три, и тоа беше разликата која ја имаше во поголемиот тек од вторите 30 минути. АЕК некако успеваше да се доближи до гол негатива, но кога ќе ог направеше тоа, македонскиот тим наоѓаше сила за да зголемува и да се одлепува.

На крајот во финишот од 25-27, стигна до 25-29, што е голема разлика, но има и реванш во Скопје каде што Алкалоид има можност да го направи најголемиот успех во својата историја.

Царуваше голманот Иван Галевски кој што одбрани дури пет пенали на противникот, што беше клучно за оваа убедлива победа. На крајот големото славје продолжи во соблекувалната.

Реваншот се игра идната недела во СЦ Борис Трајковски.

ФОТО: РК Алкалоид