Посвета на Кејн за сопругата по освојувањето на „Златната топка“: „Оваа награда е и за тебе, успеавме!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Англискиот напаѓач Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година. Фудбалерот на Баерн Минхен ги остави зад себе Шпанецот Ламин Јамал и Французинот Килијан Мбапе. Кејн собори рекорди во Германија и стана шампион со баварскиот клуб. Тој беше еден од главните актери и на Светското првенство, на кое Англија го освои третото место.

„Се надевам дека ќе бидам пример за сите оние кои сонуваат да бидат најдобри, како што сум јас денес. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери кои работеле со мене“, изјави Кејн по добивањето на престижната награда.

За англискиот фудбалер ова беше круна на извонредната сезона, во која постигна 75 гола на 65 натпревари, предводејќи го Баерн до освојување на домашните трофеи.

Во својот говор Кејн не ја изостави ниту емотивната посвета за сопругата Кејти Гудленд.

„Оваа награда е и за тебе. Ти ја сакаше повеќе отколку јас. Да, успеавме!“, ѝ порача напаѓачот на сопругата, која беше присутна во салата.

Со неа ги споделил најубавите моменти од кариерата, но и оние помалку пријатните.