Венко Филипче од Здравство и Јетон Шаќири од Информатичко општество ќе ги напуштат фотељите откако Алтернатива реши да прави кам-бек во Влада. За премиерот во заминување ова е одлична можност.
„Министерот Венко Филипче сега во иднина ќе стане подругар со мене отколку што бил. Ќе има повеќе време за да бидеме другари. Бидејќи кога работите тоа е службено и немате време да дружите. Зошто го кажувам тоа? Затоа што знаете во пролета и летото да не фатите вашите објекти на моторите заедно, тоа е и мој пријател не само мој соработник, секако е еден од поголемите потенцијали на оваа наша земја.“, рече Заев.
Но, кој ќе го замени?
„Едно од решенијата е доктор Беким Сали за ова решение, за мене секако е прифатливо, секако доколку и органите на Алтернатива го изберат.“, вели Заев.
„Додека за кадровските решенија, кај нас по статут е задолжено, централното претседателство. Веднаш во наредните денови ние ќе направиме консултации, внате-партиски и во моментот кога ќе имаме решенија ќе го свикаме централното претседателство и тука ќе треба да се донесат одлуките за тоа кој ќе не претставува во извршната власт.“, вели Гаши.
Заев потврдува дека Алтернатива добива повеќе места отколку што имаше Беса, а тоа го правда со фактот што тие се приклучувале на веќе формирана коалиција.
„Можам да потврдам дека Алтернатива добива доста повеќе значајни одговорности во извршната Власт. Зошто? Прво заради тоа што ние сме веќе установено друштво на коалициони партнери. И каниме некој да ни се приклучи. Не е исто кога одиме заедно на избори и тогаш по принципот број на пратеници, односно освоени гласови и слично ги распределуваме одговорностите во извршната власт.“, изјави Заев.
„Во преговорите, ниту јас лично ниту Алтернатива нема никогаш уценувачки притап. Значи ние знаејчи ја ситуацијата каква е, не сме настапиле со некои уцени и да бараме многу повеќе позиции.“, рече Гаши.
Сите овие кадровски промени треба да поминат низ Собранието, а таму и новиот мандатар и наследник на Зоран Заев.
