Алтернатива нема моќ да донесе странски експерти? Влезе во Влада со ветување за разгледување на четири судски процеси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата ќе испрати официјално барање до Европската комисија преку кое ќе побара независен експертски тим кој ќе спроведе меѓународна истрага за случаите за кои има сомнежи за политичко влијание, како што се: „Монструм“, „Алфа“, „Диво Насеље“, „Малиот Алмир“ и други.
-Ова е ветувањето на Алтернатива, изјави лидерот на Алтернатива Африм Гаши

Ова е едно од начелата кои Алтернатива ги изнесе како услов за влез во Влада. Но, синоќа во „Клик Плус“, претседателот на партијата, Африм Гаши рече дека неговата партија нема моќ да ја принуди Европската комисија да донесе странски експерти, туку само може да испрати барање. Додава дека е тенденциозно да се мисли оти Алтернатива може да издејствува формирање на Комисија за меѓународна истрага.

-Ако мислите дека ние имаме моќ да ја принудиме ЕУ, Европската комисија, Советот на Европа и сите други европски механизми да формираат таква комисија, тогаш мислам дека е тенденциозно да се очекува вакво нешто од нас.
-Тукушто ми рековте дека ако мислите оти Алтернатива ќе ги донесе со сила…
-Г.Фатмир Алиу Ве молам дозволете ми да го довршам одговорот… Африм Гаши никогаш не дава лажни надежи. Пред да зборувам, првиот момент кога зборував за ова прашање имав лист во рака потпишан од Зоран Заев и Африм Гаши и рекоа – ова е договорот. Како го читаат луѓето, како го толкуваат, како сакаат да го толкуваат луѓето, и како сте го протолкувале вие е навистина тенденциозно.
-Зошто ми велите дека е тенденциозно што им давате надеж на луѓето дека ќе ја донесете правдата?, рече Гаши.

Меѓу другото, Гаши смета дека правосудниот систем во земјава е политизиран, партизиран и етнизиран. Уверува дека за правосудството да се ослободи од вакви влијанија, со неговите владини партнери ќе изготват национална стратегија за владеење на правото.

-Што ќе направите сега со СДСМ и ДУИ ако тие тоа не го направија тоа за 4 години, ова го велите и Вие, а и јас? Како ќе го постигнете тоа?
-Јас велам, постојано велам и ќе повторувам за што се залага Африм Гаши и Алтернатива.
-Но, не велите дали ќе се направи тоа?
-Па не знам дали ќе се направи, вели тој.

Според Гаши реализирањето на дадените ветувања не зависи само од Владата, бидејќи, како што вели, честопати законите остануваат блокирани во Собрание поради опозицијата.