Американска помош за МВР, ДЗС и Црвен крст, средствата веднаш ќе бидат ставени во употреба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американска опрема и средства во вредност од 163 илјади американски  долари  за МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот Крст. Помошта преку Меѓународната програма за поддршка во обука на кривичните истраги  ќе биде наменета за справување со Ковид-19. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски потенцира дека  донираните средства треба веднаш да бидат ставени во употреба.

„Опремата вредна  163 илјади американски долари веднаш ќе биде ставена  во функција во соодветните организациони единици во МВР, а опремата се состои од генератори за струја, цистерни за вода, рефлектори, термометри, дезинфекциони средства, лаптопи и друго“, вели Спасовски.

Во благодарноста до САД, Спасовски го потенцираше како што нагласи докажаното партнерство  во  процесот на реформирање и развој на полицијата како еден од клучните сегменти во унапредување на националната и регионална стабилност.

САД се најголеми донатори и ваш стратешки партнер сега и во иднина нагласи  и американската амбасадорка  Кејт Мери Брнз.

„Целта на оваа донација е да обезбедиме сите овие сили да работат многу поефикасно и подобро да го сочуваат здравјето и да помогнат на сите граѓани на земјата.“, рече Брнз.

Според амбасадорката Брнз донацијата уште еднаш ја потврдува добрата соработка со МВР и останатите институции особено во периодот на Ковид.