Американската морнарица тестира – еве како изгледа кога 20 тони експлозив ќе детонира во близина на носач на авиони (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската воена морнарица детонираше нешто помалку од 20 тони експлозив покрај носач на авиони, за да види дали бродот може да ги продолжи активностите во тешки услови, пренесува „Еј-Би-Си Њуз“.

Американската геолошка служба во текот на експлозијата регистрирала потрес од 3,9 степени.

Морнарицата издала соопштение во кое се тврди дека тестирањето е извршено во согласност со сите еколошки прописи, и навела дека тестирањето се одвивало со вистински експлозив за да се види дали нивните воени бродови можат да обавуваат мисии и во тешки услови кои би можеле да се случат во случај на вистинска борба.

После тестирањата, еден од најголемите носачи на авони, ќе се врати во базата за да се модернизира и да се поправи. Носачот на авионот бил УСС Џералд Форд, и има капацитет да прими до 75 авиони и хеликоптери.