Американски авион се врати итно слета по удар со птица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на американскиот Хоризон Ер кој полета од Енкориџ до Фербенкс, Алјаска, беше принуден да се врати на првобитната локација откако орел удри во леталото, објави денеска NBC News.

Алјаска ерлајнс, чијшто Хоризон е подружница, соопшти дека авионот се вратил во Енкориџ минатата недела откако екипажот пријавил удар на птица. Летот се сврте и се врати во Енкориџ околу 30 минути подоцна, а тој лет обично трае околу еден час.

  • Капетанот и копилотот се обучени за овие ситуации и безбедно го приземјиле авионот без никакви проблеми. Не е прогласена вонредна состојба – соопштија од авиокомпанијата.

Авионот се вратил, а патниците биле качени во друг авион за Фербенкс. Авиокомпанијата соопшти дека авионот бил изваден од употреба на инспекција, но оттогаш е вратен во употреба.