Американски Ф-16 обави лет под контрола на вештачката интелигенција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американски борбен авион Ф-16 обави пробен лет без пилот, односно под контрола на вештачката интелигенција, а на предното седиште седеше секретарот на американското воено воздухоплоство Френк Кендал.

Летот бил одржан во база во Калифорнија каде се тренира новата генерација. САД има план да има флота од 1.000 борбени авиони со кои не управуваат луѓе до 2028 година. 

Авионот Ф-16 леташе со брзина од 880 километри, изведувајќи маневри во трка со другите авиони со кои управуваше пилот човек.