Американските акции благо паднаа откако Трамп се закани со повисоки царини за Мексико и ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Акциите на американските берзи паднаа само малку на почетокот на денешното тргување, дури и покрај фактот што американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на голем број земји со високи царини во текот на викендот.

Акциониот индекс Дау Џонс изгуби 100 поени или 0,2 проценти, како и S&P 500, а Nasdaq остана стагниран, објави CNBC.

Инвеститорите продолжуваат да ја следат ситуацијата во врска со царинската политика, откако Трамп во саботата објави дека САД ќе воведат 30 проценти царини за Европската Унија и Мексико почнувајќи од 1 август.

Лидерите на ЕУ и Мексико одговорија дека сакаат да ги продолжат разговорите со администрацијата на Трамп овој месец во обид да се договорат за пониски царини.

Заканата на американскиот претседател дојде во очекување на податоците за инфлацијата оваа недела, кои ќе дадат подобар увид во тоа како царините на Трамп, кои веќе се во сила, влијаат врз економијата како целина.

Берзите исто така очекуваат серија квартални финансиски извештаи, кои ќе бидат објавени оваа недела, а почнувајќи од вторник, големите банки, вклучувајќи ја и JP Morgan Chase, ќе го сторат тоа.

Глен Смит, главен инвестициски директор во GDS Wealth Management со седиште во Тексас, истакнува дека „големото прашање за пазарите во наредните недели е дали заработката, за која се очекува да биде солидна, може да ги засени најавите за повисоки царини кои продолжуваат да се кријат во позадина“.

„Досега, пазарот беше во можност да се справи со најавите за тарифи со поголем фокус на заработката и економската отпорност“, рече Смит.